Владика Тимотеј: Соборот на СПЦ нема да донесе ништо за МПЦ-ОА

Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета г. Тимотеј.
Постои голема веројатност на Мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не верувам дека на тој Собор ќе биде постигнат некаков договор, смета Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.

– Повеќе од очигледно е дека СПЦ нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со нас, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години. Кога станува збор за евентуалното заедничко сослужување помеѓу МПЦ и БПЦ, сметам дека тој потег е паметен и би донел само позитивни работи. Не знам дали заедничкото сослужување со МПЦ би предизвикало каква било штета или последици за БПЦ поради тоа што сослужува со црква која е надвор од единството, но на тоа прашање нека размислува бугарскиот црковен врв – вели г. Тимотеј.

Share