Ќе се служи света литургија за празникот Покров на Пресвета Богородица и Св.Јован Кукузел

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на ден 14. октомври (сабота), во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција на Плаошник – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Покров на Пресвета Богородица и Св .Јован Кукузел“.

Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

Share