Тилевски: Постојано работиме на подобрување на инфраструктурните решенија и на збогатување на содржините во Охрид

Охрид се издвојува како туристички центар не само во рамките на Републиката, туку и во светски рамки. Со големата промоција на Охрид низ светските медиуми, постигнавме голем успех зголемувајќи го бројот на странски и домашни туристи. Претставувајќи го Охрид како една од дестинациите кои мора да се посетат, ги отвораме вратите на туристите, а истовремено и постојано работиме на подобрување на инфраструктурните решенија и на збогатување на содржините на и онака богатото културно и природно наследство на УНЕСКО. Ова денес го истакна кандидатот за градоначалник на Охрид, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицјата, д-р Митко Тилевски.

Тој ги најави новите проекти:

– Изградба на Конгресен Центар

Не се откажуваме од оваа идеја иако истата претходно беше стопирана. Со инвестирањето во изградба на Конгресен Центар, Охрид ќе добие уште еден дополнителен адут како за граѓаните така и за здруженијата, институциите и организациите кои го избираат Охрид особено во пролетните и есенските месеци како дестинација за одржување на своите симпозиуми, конгреси и настани. Со тоа се инвенстира и во продолжување на летната сезона и се потпомага на чинителите на туристичко-угостителската дејност.  Очекуваме поддршка од Владата на РМ.- Воведување бесплатен бежичен интернет на најпосетувани локации во градот. Поставување на мрежа од wireless hotspot локации на најпосетуваните и најфреквентните места во градот или вовеување општинска бежична мрежа преку поставување на wireless mesh network. Преку овој проект бесплатен интернет ќе биде достапен како за граѓаните така за сите посетители и туристи со првенствена цел достапност до градските услуги и туристичка понуда на градот.

– Воведување видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес

Со воведување на видеонадзор на јавни површини и објекти од јавен карактер и интерес се подигнува угледот и имиџот како сигурна туристичка дестинација, истовремено се спречува или намалува материјалната штета на објектите и јавните површини, а со тоа се зголемува и безбедноста во сообраќајот.

– Набавка на мултифункционална бина со озвучување и осветлување

Поради големиот број манифестации кои секоја година традиционално се одржуваат во Охрид, се наметнува потребата од набавка на мултифункционална современа бина со квалитетно озвучување и осветлување. На тој начин, ќе се овозможи не само заштеда на средствата кои се трошат за изнајмување туку и можност од нејзино комерцијално изнајмување. Со тоа ќе се зголеми квалитетот на манифестациите и ќе се збогати туристичката понуда на Охрид.

Следењето на светските трендови се јавува како императив. За реализација и остварување на конкретен туристички и информатички развој неопходни се континуирани инвестиции во набавка и осовременување на информатичката структура.

– Воведување на систем за паркирање „Smart Тraffic management“

Преку воведување на системот за паркирање „Smart Тraffic management“, преку користењето на напредната технологија, комбинирана од смартпаркингметри, сензори и софтверски апликации, ќе се овозможи решение на паркинг-можностите во градот со флексибилни паркинг-опции за граѓаните и посетителите, а истовремено ќе се овозможи намалување на сообраќајната гужва и аерозагадувањето.

Безбедно место за живеење е предуслов за спокоен живот. Изградбата на ефикасен систем на превенција и заштита од итни случаи, пожари на Општината резултура со заштита на животите и имотот на граѓаните.

– Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по Охридското крабрежје

Проектот предвидува набавка на специјален пловен објект за интервенција на вода и во крајбрежниот појас во случај на елементарни непогоди, природни или други катастрофи, како и донесување на план за безбедна туристичка дестинација и управување со итни случаи, пред с`е на Охридското Езеро и крајбрежните области. Пловилото ќе биде опремено со противпожарна опрема, пумпи за вода, опрема за давање на итна медицинска помош, опрема за спасувачки екипи на вода и на копно и друга потребна опрема.

– Изградба на хидрантска мрежа

Овој проект подразбира обнова на хидрантската мрежа која е поставена, а на местата каде нема да биде изградена нова со цел побрзо и поефикасно справување со пожари.

– Поставување на противпожарна пристапна мрежа во Стариот дел на градот

– Набавка на нова опрема за противпожарната станица, курсеви за пожарникарите на меѓународни семинари, набавки на нови возила.

Почитувани, На овие избори, среќниот број е 13. 13 за „Секогаш работа“, 13 за најмалку 13 советници, 13 за „Секогаш Охрид“, 13 за новиот градоначалник, 13 за „Секогаш Македонија“.“- истакна Тилевски.

Share