Симоновски: Во каква состојба СДС ги остави јавните претпријатија?

Во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Охрид денес се одржа прес-конференција на која говореше директорот на ЈП „Градски гробишта“, Зоран Симоновски.

„ВМРО ДПМНЕ го повикува Јован Стојаноски од како јавно призна дека СДС го остави Охрид во финансиска црна дупка од 50 милиони евра, да каже и во каква состојба СДС ги остави јавните претпријатија. Добро е што на крајот на кампањата Јован Стојаноски почна да ги согледува и јавно да ги признава состојбите во кои неговите политички метори го втурнаа Охрид пред 2013 година. Дали Јован Стојаноски знае СДС во каква состојба го остави ЈП „БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ“? Дали Јован Стојаноски знае дека вработените таму не примаа плата цели 6 месеци, а на работните места, во канцелариите беа малтретирани физички и психички од нивните блиски лица, јавно на седница на Управен одбор кои им се закануваат дека ако не потпише тоа што тие сакале да потшише ќе сносат последици?  Јован Стојаноски да излезе пред граѓаните и да каже на колку и кои се тие лица на кои им ветил директорски позиции во ова претпријатие? Дали Јован Стојаноски ќе признае јавно што оставија неговите другари во ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ каде се ставаше имот под хипотека за да зема кредити, а за истите кредити не се исплаќаа ратите?  Дали Јован Стојаноски знае дека ова претпријатие беше оставено во долгови од околу 1 милион евра, дека се трошеле пари за директорот заедно со дружината од СДС и другарите од Стојаноски, да патуваат на фудбалски наптревари, милионски износи потрошија за ручеци по кафани а претпријатието го оставија со застарена механизација. Ова ли е состојбата во која сака СДС да го врати Комуналец и вработените?  Го повикуваме Јован Стојаноски да излезе и да каже на кој од неговите другари и истовремено на кој од КОАЛИЦИЈАТА им го ветил директорското место во ова прептријатие!? Дали Јован Стојаноски ќе признае јавно дека во ЈП „НИСКОГРАДБА“ (за која најави дека ќе ја затвори и ќе ги отпушти вработените) долгот кој СДС го остави беше над 1 милион евра, и тоа само за 2 години. И тоа најголем дел од долгот направен е кон една фирма блиска до нивната партија. Дали тој планира да ги врати назат структурите кои за само 3 месеци пoторошија над 1 милион и 500 илјади денари за ручеци по кафани? Што се однесува до ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ каде јас сум директор, ќе го кажам следното… Затекнавме 10 МИЛИОНИ денари долг, кој целосно го исплативме, редовно се примаат плати и се подмируваат тековните трошоци. И најважно, ќе напоменам, ЈП ГРАДСКИ ГРОБИШТА во моментов нема долгови туку има побарувања. И тоа побарување од 12 милиони денари за извршени услуги. Кога сме кај јавните претпратија, ЈП „Водовод“, до 2004 г. кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ функционираше со добивка. Вкупно вработени беа 170 луѓе во Охрид. За разлика кога во 2013 беа затекнати 420 вработени, и во споредба со 2010 се направени дупло вработувања. Од 2013 кога го презедовме претпријатието загубата е намалена со околу 30 милиони денари годишно. Има набавка на нови средства, машини и други различни потребни материјали. Охрид памети, граѓаните на Охрид паметат, вработените во јавните претпријатија паметат, свежи се траумите и за граѓаните, а пред с`е за вработените во јавните претпријатија и општината кои трпеа терор на работните места од лица кои не работеа во овие институции, а ја контролираа нивната работа.  Затоа на 15 октомври граѓаните на Охрид ќе ја казнат ваквата политика на СДС.“- истакна Симоновски.

Share