Ногачески: Ајде Трајкоски охрабри се и излези на ТВ дебата!

Кандидатот за градоначалник за општина Дебрца од редовите на СДСМ и коалицијата, Зоран Ногачески испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Трајкоски, од овде, од пред општинската зграда во Белчишта, која изминативе четири години, Ти им ја затвори и зароби на граѓаните на Дебрца јавно Те повикувам:

Собери храброст, излези да се соочиш со граѓаните кои Те избраа, одбери медиум и дај да излеземе на ТВ дебата.

И воопшто не плаши се, докрај ќе бидам коректен и однапред ќе Ти кажам на кои прашања ќе побарам да одговориш.

Не мене, да им одговориш на граѓаните на Дебрца.

Зошто на граѓаните им ја затвори и зароби општината?

Зошто не ги примаше за најобичен разговор?

Зошто со денови доаѓаа за една обична потврда?

Колку општински пари трошеше за гозби и ручеци, за службени патувања, за службените телефони?

Зошто само исти фирми ги земаа тендерите?

Како успеа за еден камион и ровокопач, кои не вредат повеќе од 5.000 евра, да платиш по 20.000 евра?

Како успеа за балон салата во Требеништа која вообичаено чини 50.000 евра да платиш преку 100.000 евра?

Каде ги потроши 24.000 евра за фудбалското игралиште во Волино?

Зошто потрошивте 200.000 евра за она што го нарекувате плажа во Оровник?

Зошто селата ги остави без вода за пиење?

Каде ги испушташ отпадните води од канализациониот систем во Белчишта?

Како ги чистеше и одржуваше општинските патишта?

Каде Ти се индустриската зона, винариите во Мешеишта и 200 те вработени во рудникот Стогово?

Колку општински пари им префрли на Твои роднини и сопартијци?

Овојпат ќе Те поштедам и нема повеќе да Те прашувам за станот во Скопје, патничките моторни возила, за парите што и ги даваше на невладината организација “Мавивест” на Твојата сестра!

Трајкоски, и ако не собереш храброст и да се појавиш и им одговориш на граѓаните, знај, бегање Ти нема!

На 15 Октомри сакал, не сакал ќе мора да се соочиш со граѓаните на Дебрца!

Само тогаш Ти не одлучуваш, одлучуваат граѓаните!

И знај, секогаш правично одлучуваат!“ – стои во соопштението од кандидатот за градоначалник за Дебрца, Зоран Ногачески.

Share