Кривична пријава за лице од Тузла поради измама на албански државјанин

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, криминалистичката полиција од Струга поднесе против Н.С. (37) од Тузла-Босна и Херцеговина, со привремен престој во Струга.

Пријавениот во текот на јануари оваа година, на својот фејсбук профил објавил лажна страница со назив „Vize pune per Europ“ на која се преставил како посредувач-вработен во агенција за посредување за добивање на Швајцарска виза и оставил телефонскиот број за контакт преку апликацијата „WATSAPP“. Набрзо, на посочениот број му се јавил Е.П. (23) од Поградец-Албанија по што на почетокот на минатиот месец, дошло до нивна меѓусебна средба во Струга. Притоа, Е.П. на пријавениот му предал патна исправа и комплет документи како и 450 евра во надеж дека набрзо ќе ја добие ветената виза за Швајцарија. Веднаш по средбата, сега пријавениот го избришал фејсбук профилот и го исклучил мобилниот телефонски број.

По преземени оперативни мерки, утврден е идентитетот на сторителот и извршен е претрес во неговиот дом.

Share