Кривична пријава за кичевчанец поради „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“

Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривичните дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Џ.Д. (53) од Кичево.

Пријавениот, на аголот на улиците .„Јанко Михајлоски“ и „11-ти септември“ на катарстарска парцела во Кичево со површина од 484 метри квадратни, започнал градба на станбено деловна зграда без одобрение за градба издадено од надлежен орган. Еден дел од катарстарската парцела било земјиште сопственост на Република Македонија. Полициската станица од Кичево, до општина Кичево-овластен градежен инспектор достави барање за превземање мерки по што на местото е извршен инспекциски надзор.

Со записник, од нивна страна констатирано е дека сега пријавениот како инвеститорот гради станбено деловна градба без одобрение за градење. Врз основа на низа констатирани неправилности, овластениот градежен инспектор во согласност со Законот за градење, донел решение со кое, на Џ.Д. му се наредува во рок од триесет дена да ја отстрани нелегалната градба.

Share