Извршено авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид, во соработка со Министерството за Транспорт и врски и Министерството за Здравство, денес изврши авионско прскање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Запрашувањето започна околу 05 часот и траеше до 08 часот. Истото се одвиваше на површина од 1500 хектари и тоа на крајбрежјето на потегот од с.Подмоље до населба Св.Наум и на територијата на град Охрид.

Ова беше прво авионско запрашување против комарци ова лето. Претходно, беа спроведени две теристички (од земја) дезинсекции со апарат за УЛВ ладно запрашување и тоа на 11 јуни и на 22 јули.

Препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.

Share