Жител од Лешани запалил возило во Оровник

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.М. (30) од охридското село Лешани. Пријавениот, во периодот 26/27 октомври оваа година, подметнал пожар на патничко моторно возило марка „Рено-4“ сопственост на М.Л. од селото Оровник. Тој, со течност го полил задниот дел од возилото кое било паркирано во дворот од семејната куќа на оштетениот и го запалил.

По запалувањето на возилото и предизвикувањето општоопасно дејствие, пријавениот А.М. веднаш избегал од местото на настанот.

Share